• четврток, 25 јули 2024

Пронајдени и одземени ловечка пушка и патрон со калибар во дом во велешко Ореше

Пронајдени и одземени ловечка пушка и патрон со калибар во дом во велешко Ореше

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Пронајдени и одземени се ловечка пушка „ТОЗ – 63“ калибар 16 мм и патрон со калибар 16мм за ловечка пушка при претрес во домот на лицето Л.А.(75) од село Ореше од страна на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес.

Министерството за внатрешни работи известува дека Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, вчера, со наредба на  Основен суд Велес, изврши претрес во домот на лицето Л.А.(75) од село Ореше при што пронајде и одзеде огнено оружје.

Како што најавија, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. сан/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан