Пронајдена дрога при претрес во Стојаково, кривична пријава и притвор за едно лице
- Како што информира МВР, вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во домот и дворното место на Т.К. во село Стојаково. Притоа биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2,80 метри, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и другои предмети со остатоци од марихуана.

Скопје, 5 август 2025 (МИА) - СВР Струмица - ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци.
Како што информира МВР, вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во домот и дворното место на Т.К. во село Стојаково. Притоа биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2,80 метри, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и другои предмети со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија и било изведено пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор. мд/дма/
Фото: МИА архива