• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на „Скопски есеи“ од Јелена Лужина по повод Денот на ослободување на Скопје

Промоција на „Скопски есеи“ од Јелена Лужина по повод Денот на ослободување на Скопје
Скопје, 13 ноември 2021 (МИА) - Во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, вечер со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн-промоција на книгата „Скопски есеи“ од Јелена Лужина. Онлајн-разговорот со авторката, која е позната по својата работа како преведувачка, театролог и книжевен теоретичар, ќе го води уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ. „Скопски есеи: сказни за лица, персони и сенки“ е истовремено книга за минатото и за иднината. Во неа, со поглед наназад, авторката ги портретира големците што оставиле трага врз македонската култура. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Корицата е илустрирана со мотив од делото Старо Скопје (масло 1960) од Бранко Костовски. Јелена Лужина е театролог, книжевен теоретичар, критичар, есеист, преведувач. Дипломирала на Универзитетот во Загреб, каде што завршила постдипломски студии по книжевна теорија. Докторирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, четириесет и две години работела како универзитетски професор и како менаџер во културата. Книгата „Скопски есеи“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“.свс/лв/

Остани поврзан