• понеделник, 16 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Промоција на проектот „City and Me“ во Домот на Култура „Билјана Беличанец“

Промоција на проектот „City and Me“ во Домот на Култура „Билјана Беличанец“

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Лансирањето на проектот „City and Me“, ќе се одржи денеска со почеток од 10:30 часот во големата сала на „Киноверзум“ во Домот на Култура „Билјана Беличанец“. Апликацијата ги наградува граѓаните на општина Кисела Вода доколку повеќе пешачат, рециклираат или пријавуваат проблеми на локално ниво.

Како што соопштуваат од Општина Кисела Вода, Балканската апликација City and Me веќе брои над 30.000 корисници, а Општина Кисела Вода е првата општина во Македонија каде што оваа апликација ќе биде официјално имплементирана.

-Како smart city апликација, City and Me ги наградува граѓаните на општина Кисела Вода доколку повеќе пешачат, рециклираат или пријавуваат проблеми на локално ниво. Ако го остварат месечниот предизвик за пешачење, можат во самата апликација да добијат City and Me токен кој можат да го заменат за влезница за театар, кино, садница во локален парк или кафе и други бенефиции во локалните угостителски објекти. Исто така, граѓаните ќе имаат можност да пријавуваат проблеми на локално ниво или да гласаат за конкретни решенија, стои во соопштението.

На настанот, во 10:30 часот, изјава ќе дадат градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорот на „City and Me“, Бранко Крсмановиќ.ар/лв/
Фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан