Промоција на посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски
- Како што соопшти издавачката куќа и организатор на промоцијата, книгата е наменета за сите што сакаат да се хранат здраво или што постат. Содржи рецепти за домашно зготвена посна храна – од лесни појадоци и разновидни главни јадења, до ароматични супи, свежи салати и десерти.

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ вечер од 19 часот ќе биде промовиран посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Како што соопшти издавачката куќа и организатор на промоцијата, книгата е наменета за сите што сакаат да се хранат здраво или што постат. Содржи рецепти за домашно зготвена посна храна – од лесни појадоци и разновидни главни јадења, до ароматични супи, свежи салати и десерти.
-Содржи 82 вкусни и посни рецепти за секој ден. Ова издание со автентични фотографии и рецепти претставува вистински одраз на посветеноста и љубовта на авторот кон кулинарството. Книгата е резултат на долгогодишното искуство на Велковски стекнато преку работата со клиенти и комуникацијата со следбениците на социјалните мрежи... Книгата е особено корисна во периоди на пост, нудејќи лесни и креативни решенија за планирање на оброците, кои ќе ги направат секојдневните јадења едноставни, вкусни и здрави, се наведува во соопштението за книгата на Велковски, која ќе ја промовира Ана Шутиноска. хс/са/
Фото: веб-страница Литература.мк