• четврток, 26 декември 2024

Промоција на „Неверство“ од Дејан Трајкоски во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија

Промоција на „Неверство“ од Дејан Трајкоски во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија вечер ќе биде одржана промоцијата на книгата „Неверство“ од македонскиот писател Дејан Трајкоски, преведена на бугарски јазик од Божидар Манов.

За бугарските читатели книгата „Неверство“ излегува како издание на издавачката куќа „Парадокс“. Пред публиката во КИЦ на РСМ во Софија за книгата ќе говори писателката Елена Алексиева, а вечерта ќе ја води Дарина Анастасова.

Дејан Трајкоски е роден 1977 година. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на романите „Вистина. Љубов. Рашомонијада“ (2012) и „Неверство“ (2014), како и стихозбирката „Филмски песни“ (2022). Раководител и главен уредник на издавачката куќа „Прозарт медија“, како и креатор и директор на Меѓународниот литературен фестивал "PRO-ZA Balkan". Работел како новинар, филмски критичар, селектор на филмски фестивал, уредник, издавач. Трајкоски е член на Меѓународната федерација на филмски критичари ФИПРЕСИ, на Друштвото на македонските писатели и Македонскиот ПЕН центар. Живее и работи во Скопје.

Романот „Неверство“ е награден со наградата „Македонска книжевна авангарда“ и е преведен на повеќе јазици, меѓу кои англиски, германски, ерменски, арапски, српски и албански.са/

Остани поврзан