• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на книга за Македонците во Албанија на проф. д-р Мариа Дојче

Промоција на книга за Македонците во Албанија на проф. д-р Мариа Дојче
Тирана, 23 мај 2022 (МИА) - Во спомен- музејот „Стерјо Спасе“ во селото Глобочени, општина Пустец ќе биде промовирана книга за Македонците во Албанија од Мариа Дојче, професор на Универзитетот во Корча.
-Станува збор за делото  „Хармонска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија - случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник“. Промоцијата на оваа исклучително важна книга за Македонци во Албанија ќе биде утре, 24 мај на Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, со почеток во  11 часот, изјави за МИА, Васил Стерјовски.
Книгата е објавена од „Менора“ од Скопје, токму со несебична помош на  Стерјовски, кој се заложи за објавување на едно од многуте научни истражувања направени меѓу Македонците во преспанскиот крај во Албанија. Македонците во Преспа и во Врбник имале можност да соработуваат со авторката Дојче, која своите сознанија ги внела во овој труд.
Авторката Марија Дојче над десет години е професор на катедрата за социологија на Универзитетот „Фан С. Ноли" во Корча. Додипломски студии завршила на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Приштина, а постдипломски студии на Универзитетот во Тирана. Има спроведено и низа обуки во областа на позитивна психологија, ефективно родителство и критичко размислување на универзитетите Кент, Оксфорд и Монаш. вт/мд/

Остани поврзан