Промоција на книгата „Ајде да играме шах“ од Орце Данчевски
- Во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовирана првата илустрирана книга за шах, насловена „Ајде да играме шах“ од Орце Данчевски.
Скопје, 14 септември 2023 (МИА) - Во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовирана првата илустрирана книга за шах, насловена „Ајде да играме шах“ од Орце Данчевски.
Книгата ќе ја промовира познатата вокалистка Андријана Јаневска, која е и љубител на шахот. На промоцијата ќе има продажна изложба на илустрациите нацртани и наменети за книгата, од академските сликари и професори Игор и Викторија Егорови.
-Книгата е спој на елементи од сликовница и енциклопедија, со што децата лесно ќе ја засакаат шаховската игра, а наставниците ќе имаат одлично помошно средство во наставата, соопшти ПСУ „Јахја Кемал“ каде што овој месец шахот ќе почне да се изучува како изборен предмет за учениците од прво и од второ одделение. хс/
Фото: ПСУ „Јахја Кемал“-Скопје