• вторник, 24 март 2026

Се реконструира влезот во велешкото село Иванковци

Се реконструира влезот во велешкото  село Иванковци

Велес, 4 март 2026 (МИА) – Градоначалникот Марко Колев со неговиот тим на Општина Велес, денеска изврши увид на градежните зафати за реконструкција на влезот во село Иванковци. Во тек се подготвителни зафати по што ќе следи постилање со два асфалтни слоја, информира попладнево градоначалникот Марко Колев.

Тој рече дека со оваа инвестиција која е во соработка со Владата и Министерството за транспорт, значително ќе се придонесе за опстанок и развој на ова село. 

-Рамномерниот развој на Општината е приоритет во работењето на општина, истакна Колев. ад/нд/

Фото: Општина Велес 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан