• вторник, 24 декември 2024

Промоција на „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна

Промоција на „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - Во Спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, денеска ќе биде промовирана книгата „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна. Промотор на книгата е Владимир Мартиновски, а стихови ќе чита Биљана Стојановска. Збирката „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ содржи 52 песни кои, иако не се формално поделени во циклуси, можат да се „сместат“ во неколку поетски целини. Тие целини немаат ограничувачки ниту разграничувачки карактер, бидејќи песните се прелеваат од една во друга и така создаваат еден заеднички колаж на емоции. Во збирката се забележливи повеќе тематеми кои се симболичко јадро на поетските слики. Емељ Туна e родена е 1977 година во Скопје. Има дипломирано на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а магистрирала и докторирала на шведскиот земјоделски универзитет од Упсала. Работи како вонреден професор на Институтот за агроекономика, на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Авторка е на четири збирки поезија „Хоризонти“ (1998), „Паралелни светови“ (2002), „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ (2021) и „Чудна пролет ќе ти раскажам“ (2022). Учествувала на повеќе поетски натпревари и манифестации на кои е добитник на неколку награди и признанија. Нејзината поезија е дел од поетски монографии како „Астални проекции“ и „100.000 Поети за промена“.са/ев/

Остани поврзан