Промоција на АДА - првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор
- Првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор - АДА денеска ќе биде промовиран во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Скопје, 10 април 2023 (МИА) - Првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор - АДА денеска ќе биде промовиран во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
На промоцијата ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и техонолоши развој Фестим Халили. мд/вг/