• четврток, 25 јули 2024

Промовирана стихозбирката „Македонствување“ од велешката поетеса Десанка Николова

Промовирана стихозбирката „Македонствување“ од велешката поетеса Десанка Николова

Велес, 28 ноември 2023 (МИА) - Во Медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ синоќа беше промовирана стихозбирката „Македонствување“ од велешката поетеса Десанка Николова. Стихозбирката содржи две стихозбирки Македонствување (Грутка во грлото“) и Македонствување (Мудровезби), а ја издаде издавачката куќа „Збор“. Промоторката Анита Станинова Мирчева ќе потенцира дека стихот на Десанка Николова зрачи со полнокрвни метафори со кои се претставува суштината на јазикот македонски.

- „Мудрвезби“ завршуваат со интерактивен дел во постмодернистички манир. Тука е оставен простор за читателот :Читателот е тој којшто треба да ја напише последната песна како почеток на нешто ново, потенцира Станинова Мирчева.

Авторката Десанка Николова во своето обраќање до преполната медиотека на библиотеката потецира дека оваа  тихозбирка е поетски манифест за да се слушне и да биде пренесена пораката која се вткајала во нејзините стихови.

-Посебно сум горда,заради самиот факт што ова е прва стихозбирка од ваков вид со интерактивен дел во која на читателот му е оставен простор да ја напише последната песна,но и песната после неа и така без крај,оти  Македонија е  љубовна приказна.без крај.Второ затоа што сум сигурна дека моите стихови си го наоѓаат патот до срцата на читателите.Јас мојата Македонштина ви ја испеав во стихови,не само во стиховите од „Грутка во грлото“ кои се патриотска лирика туку во целиот поетски манифест,оти таа е тука во мене во тебе.Чиниш се притаила таму некаде меѓу редовите на пожолтените со мирис црковни книги, се притаила под прагот на манастирските врати чии камбани тревожно бијат и го повикуваат народот на будење.Македонштината е во молитвата изговорена на нашиот древен македонски јазик,таа е во шепотот кој го изговараме клекнати пред иконата и кандилото кога просиме Божја милост.Таа е во песните,во тажачките, таа е во тишината меѓу два збора и две мисии.Затоа Македонствувјте,за да опстоиме за да постоиме и не заборавајте бидете луѓе што мирисаат на душа,бидете луѓе светлина, им порача на сите Македонци каде и да се’, поетесата Николова.

„Македонствувањето“ со две стихозбитки се нејзина осма и деветта стихозбирка а сега е во подготовки на својата десета книга роман за Детските Рацинови средби кој најави дека наскоро и ќе го промовира.

Стихови прочита авторката како и членовите на МДПС „Премиера“а музички настап имаа ученици од Гимназијата „Кочо Рацин“.

За стихозбирката  зборуваше и проф Емилија Златкова Анастасова од Издавачката куќа „Збор“.

На крај свеченоста заврши со потпишување  со посвета на нејзината книга „Македонствување“ за читателите.ад/

Фото: МИА

Остани поврзан