Промовирана „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денеска“
- Во дворот на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје се одржа промоција на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денеска“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, издание на Поетска ноќ во Велестово.

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) - Во дворот на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје се одржа промоција на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денеска“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, издание на Поетска ноќ во Велестово.
Изданието содржи песни од 114 поетеси што живееле и твореле во државава од времето на преродбата, сѐ до денеска.
Промотори на книгата беа приредувачите Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска.
-Поетесите жени се многу малку застапени, нашата цел беше да направиме збир на едно место да видиме колку сме кои што ја пишуваат таа поезија која е создавана од жени. И целата книга треба да се види тој развоен пат до денеска. При изборот се оценуваше прво од естетски карактер и од генерациска врзаност, значи да немаме некој прекин од тоа време на преродбата, па имаме нешто од војната до најмладите денеска. Тоа е смислата, суштината на оваа книга и да послужи некогаш кога некој ќе работи понатаму научен труд или нешто друго на едно место да види колку имаме, но имаме уште, истакна Славе Ѓорѓо Димоски.
Книгата е поддржана од Министерството за култура. свс/ар/
Фото: МИА