• петок, 22 ноември 2024

Промет на пазарот на нафта - акциите во САД пораснаа, цените паднаа

Промет на пазарот на нафта - акциите во САД пораснаа, цените паднаа
Мелбурн, 24 февруари 2021 (МИА) - Цените на нафтата денеска паднаа под притисок на индустриските податоци што покажаа неочекуван пораст на американските резерви на „црното злато“ минатата недела, како резултат на намалената побарувачка од рафинериите во јужните држави на САД, кои беа затворени поради екстремно студеното време. Залихите на сурова нафта во САД се зголемија за еден милион барели за една недела, заклучно со 19 февруари, објави синоќа Американскиот институт за нафта (АПИ). Податоците на АПИ покажуваат пад на рафинирањето на сурова нафта во рафинериите за 2,2 милиони барели на ден. Фјучерсите на нафтата WTI во САД се лизнаа за 56 центи, или 0,9 проценти, на 61,11 долари за барел во тргувањето во 5:06 часот по средноевропско време. Фјучерсите на суровата нафта Брент паднаа за 35 центи, или 0,5 проценти, на 65,02 долари за барел, неутрализирајќи ја вчерашната добивка од 13 центи. Сепак, аналитичарите сметаат дека северноморската нафта Брент може да се врати на нивото од 66,45 до 66,97 долари за барел, што ќе зависи од тоа колку брзо ќе биде обновено американското производство. Инвеститорите сега очекуваат Управата за енергетска информација на САД подоцна да потврди дека залихите се зголемија минатата недела и покрај прекинувањето на производството поради  ледениот бран на јужниот дел на САД. паг/

Тагови

Остани поврзан