Променливо облачно со услови за локален дожд

Скопје, 11 февраури 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно, во западните и северните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.
Утринската темпертуа ќе се движи од минус еден до нула, а дневната температура од шест до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен северозападен ветер.
Утринската температуа ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 14 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а само на повисоките планини ќе бидат од снег. Повеќе врнежи ќе има во петок, кога врнежи од снег се можни и на повисоките места.