• четврток, 16 мај 2024

Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец

Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец
Скопје, 8 март 2022 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 5 степени. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Остани поврзан