• петок, 22 ноември 2024

Променливо облачно со слаб до умерен северозападен и западен ветер

Променливо облачно со слаб до умерен северозападен и западен ветер
Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен и западен ветер. На повеќе места, ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено повеќе во источните и североисточните делови на земјава. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 11 до 17, а највисоката температура ќе се движи од 24 до 31 степен. УВ=7. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе има услови за локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 30 степени. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а за време на викендот и во почетокот на наредната седмица повторно ќе има услови за појава на попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северозападен ветер.

Остани поврзан