• среда, 15 мај 2024

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер
Скопје, 18 март 2022 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно и студено, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната од 4 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени. Следува период на променливо облачно и постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Остани поврзан