• петок, 03 мај 2024

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Остани поврзан