Променливо облачно со локални и послаби врнежи од дожд

Скопје, 12 јануари 2021 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.
Поради продор на студена воздушна маса од север во среда попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. Во петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.