• недела, 22 декември 2024

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје,  променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 29 степени. До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Остани поврзан