• четврток, 28 март 2024

Променливо облачно и релативно топло, температурата до 22 степени

Променливо облачно и релативно топло, температурата до 22 степени

Скопје, 25 февруари 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.

Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 километри на час и ќе се задржи релативно топло време.

Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање. вг/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан