• сабота, 21 декември 2024

Променливо облачно и нестабилно со локален дожд

Променливо облачно и нестабилно со локален дожд
Скопје , 22 јуни 2020 (МИА) - Времето претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7 Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура  од  18 до 30 степени. Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7 Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 28 степени. Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне се уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Остани поврзан