• четврток, 04 јули 2024

Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд

Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од УХМР најавија дека од петок следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната седмица. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан