Променливо облачно, студено и ветровито

Скопје, 24 март 2021 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Претпладне во северните и источните делови со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во раните утрински и претпладневни часови со повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Од четврток следува период на стабилно време, до сабота со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.