• четврток, 04 декември 2025

Промени на избирачки места на седум локации во Општина Охрид

Промени на избирачки места на седум локации во Општина Охрид

Охрид, 22 септември 2025 (МИА) – Општинска изборна комисија од Охрид испрати известување го граѓаните за промена на локации на гласачки места за претстојните локални избори.

Според известувањето променета е локацијата на седум избирачки места на територијата на Општина Охрид и тоа избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од новиот објакт на Градски пазар се префрлени во Економското училиште „Св. Кирил и Методиј“, исто како и избирачкото место 1264 од Месната заедница Кошишта.

Избирачкото  место 1267 од приватен објект на ул. „Железничка“ е префрлено во ОУ. „Кочо Рацин“, во рамки на поранешната касарна.

Избирачките места 1268 и 1268/1 од хотелот „Ловец“ се префрлени во ОУ „Кочо Рацин“ односно Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“

Истовремено се известуваат жителите на улица „Александар Турунџиев“ дека нивното гласачко право ќе можат да го остварат во Изборното место ОЕМУЦ „„Св. Наум Охридски“, потоа жителите од улица „АСНОМ“ со непарни броеви на куќен број од 001 до 0081 во Избирачко место 1270 во Музичкото училиште „Методиј Патчев“, како и жителите од истата улица со непарни куќни броеви од улицата „АСНОМ“ од 0081 па натаму, во ИМ 1273 - Музичко училиште „Методиј Патчев“.

Локалните избори за градоначалници и советници во општините се закажани за 19 октомври. Во Охрид битката за градоначалничката фнкција ќе ја водат четворица кандидати, Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце Цветкоски како незвисен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија. Во поглед на листите за членови на совет поднесени се 11 листи и тоа седум од партии и четири независни. аб/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан