• петок, 22 ноември 2024

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк
Број на објава: 656/04/21 Датум: 13.04.2021 Клучни зборови: ПроКредит банка  Во нашата банка негуваме еден оддржлив модел на управување во кој еколошката и општествената одговорност одат рака под рака со деловните остварувања. Оттука произлезе и иницијативата за целосна промена на нашиот возен парк, како и фактот дека 20% од аерозагадувањето во Скопје е предизвикано од возила на фосилни горива. ПроКредит Банка првото хибридно возило го набави во 2013 година. По позитивното искуство, во 2015 година набавивме 4 електрични возила. Постепено ја зголемувавме бројката за сега веќе возниот парк да ни брои 10 електрични и 1 хибридно или 70% од нашиот вкупен возен парк се електрични возила. Овој месец возниот парк го обновивме со 2 нови електрични возила од марката Волскфаген ИД 3. Со што сме првата компанија во земјата и во регионот која ги воведува овие возила во својот возен парк.  Електричното возило Волскфаген ИД 3. со едно полнење, се очекува да помине преку 400 километри. Со овие преформанси, ова возило комплетно ги задоволува нашите потреби на патување низ земјата, без потреба за дополнување на батеријата додека сме на пат. ПроКредит Банка исто така има и сопствена фотоволтажна централа за производство на струја, која е поставена на кровот на зградата на централната управа. Во моментов 25% од произведената струја целосно ги задоволува потребите на нашиот електричен возен парк. Исто така, поставивме и 3 полначници за јавна употреба на две локации во Скопје. Со ова повторно докажавме дека сме чекор пред другите. Издвојуваме сериозни ресурси и имаме организиациска поставеност за активно управувањето со животната средина. Нашиот систем за управување со животната средина е сертифициран со меѓународниот сертификат ISO 14001 и преставуваме првата Банка на пазарот со овој сертификат.     МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан