• петок, 22 ноември 2024

ПроКредит Банка и во 2021 година со акција за пошумување на голини во реонот на Кавадарци

ПроКредит Банка и во 2021 година со акција за пошумување на голини во реонот на Кавадарци
Број на објава:651/03/21 Датум: 18.03.2021 Клучни зборови: ПроКредит Банка На 16ти март ја организиравме втората поголема акција за пошумување во соработка со ЈП Национални Шуми. Пошумување се изврши во ридно – ерозивен терен кој е во склоп на ШСЕ,,Тиквеш,, оддел 1/б место викано Журов Дол,, по течението на реката Луда Мара во КО Ваташа. „Оваа акција за садење дрва е под иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, а воедно и првата со која ги започнуваме активностите за садење на зелени површини во 2021 година. Засадивме 2.895 садници од дрвниот вид Cupressus arizonica-аризонски чемпрес  на површина од 1,5 хектари заедно со ЈП Национални Шуми. Кампањата #СеГрижамДелувамМенувам е платформа која опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина во борба против климатските промени. Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет.“ – Изјави Методија Миноски координадорт на одделот за животна средина во ПроКредит Банка.   МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.  

Остани поврзан