• четврток, 26 декември 2024

Проекција на Си-Ен-Ен: Харис победи во Мериленд

Проекција на Си-Ен-Ен: Харис победи во Мериленд

Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – Потпретседателката на САД Камала Харис ќе победи во Мериленд, проектира Си-Ен-Ен.

Во Мериленд во прашање се 10 изборни гласови. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.

Во 2020 година Џо Бајден победи во оваа американска држава.

Според досегашните проекции, Трамп има 99 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 27. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан