• недела, 22 декември 2024

Проект „Инклузивни политики и знаења“ за подобрување на условите за живот на лицата со попреченост во Скопје

Проект „Инклузивни политики и знаења“ за подобрување на условите за живот на лицата со попреченост во Скопје
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска имаше средба со претставничките на Движењето против хендикеп „Полио Плус“, на која беше потпишан договорот за поддршка за реализација на проектот „Инклузивни политики и знаења“ за подобрување на условите за живот и функционирање на лицата со попреченост во Скопје. Како што информираат од Град Скопје, проектот се реализира согласно Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година, и има за цел поголема инклузивност на лицата со хендикеп. -Подобрување на условите за живот и поголема инклузивност на лицата со хендикеп е еден од приоритетите на Град Скопје. Целта е на овие лица да им се овозможи целосна пристапност во сите објекти и инфраструктурно уредување за нивно олеснето функционирање во сообраќајот, истакнала градоначалничката Арсовска. На средбата биле договорени иницијативи и активности кои Градот ги преземал, а во насока на надминување на предизвиците на лицата со хендикеп, но и преземање на подобри локални политики за инфраструктурна пристапност и поголема инклузивност на лицата со хендикеп.свс/са/

Остани поврзан