• четврток, 26 март 2026

Продолжува реконструкцијата на улици во приградски населби во Куманово

Продолжува реконструкцијата на улици во приградски населби во Куманово

Куманово, 20 мај 2025 (МИА) - Општина Куманово продолжува со поставување бекатон на повеќе улички и населби. Во моментот привршува поставување на бекатон на улицата „152“ во населбата Карпош, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Активно се работи на поставување на бекатонска подлога на улиците „55“, на „711“. Претходно беше завршена улицата „611“ во село Проевце како и на улицата „Божидар Мицковиќ“.

Поставени се речиси 12.000 метри квадратни бекатон во населбите „Јане Сандански“, „Карпош“, „Перо Чичо“, Проевце како и на неколку улици во урбано подрачје како што е улицата „Цар Самоуил“.

Реконструкцијата продолжува и во наредниот период, најавија од секторот за комунални дејности. Лани во септември, општината склучи договор со две компании за поставување на бекатон во две зони во градот за што одвои 7.981.289 денари. ам/лв/


Фото Општина Куманово

Остани поврзан