• петок, 22 ноември 2024

Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот кружен тек во Куманово

Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот кружен тек во Куманово
Куманово, 21 март 2022 (МИА) - Интензивно се гради новиот кружен тек на крстосницата помеѓу двата булевари „Октомвриска Револуција“ и „Трета Македонска Ударна Бригада“ во Куманово, соопштија денеска надлежните. Продолжуваат градежните активности на кружниот тек, кој според надлежните ќе го растовари сообраќајниот метеж на оваа локација во Куманово. - Новиот асфалтен слој ќе биде во два слоја во површина од 5.560 метри квадратни. Ќе има паркинг простор со површина од 405 метри, тротоари со површина од 2.050 метри квадратни, ќе се постави нови бетонски рабници во должина од 1.285 метри. Предвидена е изработка на средно зеленило во кружниот тек и помеѓу пешачките патеки со површина од 1.550 метри квадратни. Ќе бидат поставени корпи за отпадоци и фаза за осветлување со 39 светилки, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. На пешачките премини, острови и тротоари ќе бидат спуштени бетонски рабници за непречено движење на пешаците, лицата со попреченост и мајки со колички. Предвидено е поставување на нова вертикална и хоризонтална сигнализација од 450 метри квадратни. Од општинскиот буџет за изградбата на новиот кружен тек одвоени се 35 милиони 868.459, 85 денари со вклучен данок на додадена вредност, а на тендерот избран е најповолниот изведувач, струмичката фирма, „Жикол“. Тендерот заврши во август, лани. Претходно, општина Куманово го изгради кружниот тек на влезот од Куманово за кој одови 20 милиони денари, а предвидена е изградба на уште еден во централното градско подрачје кај локалитет „Серава“. - Во завршна фаза е постапка за избор на најповолен понудувач за изведба на проект за изградба на третиот кружен тек на крстосница помеѓу булеварот „Трета МУБ“, улиците „Гоце Делчев“ и „Бајрам Шабани“, се очекува наскоро да се потпише договор со најповолниот понудувач, објави Димитриевски. Од општината најавија дека ќе продолжат со изградба на нови кружни текови на повеќе клучни локации во градот, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на условите во сообраќајот.ам/бт/

Остани поврзан