Продажбата на нови домови во САД во 2024 година достигна највисоко ниво во последните три години
- Продажбата на нови домови во САД во 2024 година е со највисока вредност во последните три години, според владините податоци објавени денеска.
Вашингтон, 27 јануари 2025 (МИА) - Продажбата на нови домови во САД во 2024 година е со највисока вредност во последните три години, според владините податоци објавени денеска.
Се проценува дека 683.000 нови домови биле продадени во 2024 година, што бележи пораст од 2,5 отсто во однос на претходната година, соопшти Министерството за трговија.
Продажбата во декември, исто така, ги надмина очекувањата со сезонски прилагодена годишна стапка од 698.000, што значи 3,6 отсто над ноемвриската ревидирана стапка од 674.000.
Продажбата на нови домови е зголемена во последниве години бидејќи постојните сопственици на куќи не сакаат да ги продадат своите имоти додека каматните стапки останаа високи.
Во декември, просечната продажна цена на продадените нови куќи беше 427.000 американски долари, што исто така расте од ноември. паг/
Фото: Википедија