• сабота, 21 февруари 2026

Прогласени најдобри спортисти во Куманово

Прогласени најдобри спортисти во Куманово

Куманово, 22 јануари 2025 (МИА) - Во организација на Oпштинскиот сојуз на спортови Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината беа избрани најдобрите спортисти на Куманово за минатата година, наградени беа поединци, клубови и институции кои остварија значајни резултати.

Плакети и признанија во повеќе категории, во женска и машка конкуренција, им беа доделени на деца на возраст до 14 години (најмала категорија), младинци (средна категорија) и сениори (возрасна категорија).

- Беа наградени најдобрите тренери, клубови, наградата за најуспешен меѓународен спортист ја понесе фудбалскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, а за животно дело, големата плакета му припадна на боксерскиот великан, Ергин Салиевски. На денешната промоција, се израдуваа и најмалите спортисти од основните општински училишта, кои добија плакети од страна на општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово – ОСУСК, информираа од општина Куманово.

Голема плакета доби и фудбалскиот клуб „Башкими 1947 Куманово“.

Средна плакета добија дванаесет спортисти, 14 најмлади спортисти добија плакета, десет сениори, две основни училишта, двајца тренери од основни училишта, две најуспешни училишта и четворица-спортисти ученици. ам/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан