• четврток, 26 март 2026

Пробиштип одбележува 70 години од постоењето

Пробиштип одбележува 70 години од постоењето

Пробиштип, 27 август 2025 (МИА) - Општина Пробиштип со богата програма одбележува 70 години постоење, како и 97 години постоење на рудникот за олово-цинкова руда. Раде Илиевски раководител на Одделението за јавни дејности во Општина Пробиштип вели дека по тој повод, настаните започнаа на 22 август, а ќе заврашат утре  на Денот на рударите, 28 август.

-По повод 28 август, Пробиштип се потруди да направи Програма за сите вкусови. Годинава неделата на спортот и култура се случува повеќе денови. Започнавме на 22 август, а ќе завршиме на 28 август. На 28 август ќе биде главната вечер каде ќе се одржи голем концерт на плоштадот „Свети Гаврил Лесновски“. На 28 Август во 12 часот започнуваме со свечена академија, а потоа следува изложба на делата од Лесновската ликовна колонија, вели Илиевски.

 Вечерта е вечер со македонски ѕвезди, ќе пеат Каролина Гочева, Александар и Дац, Калиопи и концертот завршува со Кирил Џајковски. Водејќи се по праксите од претходните години, и годинава се очекува голема посетеност од цела Македонија., Од Општина Пробиштип упатија покана до сите граѓани да го посетат градот и да уживаат во македонската музика. вдј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан