Пробиштип аплицира со 12 проекти за користење на средства од унгарскиот заем
- Општина Пробиштип денеска аплицираше со 12 проекти, кои ќе се финансираат од вториот повик за искористување на средства од унгарскиот заем. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов соопшти дека акцент е ставен на патната инфраструктура во повеќе населени места во општината, а вредноста на проектите е два милиони евра.
Пробиштип, 25 април 2025 (МИА) - Општина Пробиштип денеска аплицираше со 12 проекти, кои ќе се финансираат од вториот повик за искористување на средства од унгарскиот заем. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов соопшти дека акцент е ставен на патната инфраструктура во повеќе населени места во општината, а вредноста на проектите е два милиони евра.
-Општина Пробиштип денеска аплицираше со вкупно 12 проекти, какошто е уредување на градскиот стадион, рекострукција на патен правец до населено место Кундино, до Горни и Долни Стубол. Комплетно ќе се реконструира улицата „Брегалничка“, со канализациона и водоводна мрежа, уште една улица имаме во населба Калниште. Вредноста на сите овие проекти е некаде околу два милиони евра, изјави Анастасов.
Сите општини од Источниот регион имаат доставено апликации на повикот на Влада, со помош на кои ќе реализираат проекти за подорување на условите за живот во самите општини. вдј/цр
Фото: МИА