• сабота, 25 јануари 2025

При украински напад со дронови запалена руската рафинерија за нафта во Рјазан

При украински напад со дронови запалена руската рафинерија за нафта во Рјазан

Киев, 25 јануари 2025 (МИА) – Украина синоќа изврши напад со дронови врз Русија, при што е запалена рафинеријата за нафта во Рјазан, јави „Киев индепендент“.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта пресретнати се 121 украински дронови, од кои 37 над Брјанска област, 20 во Рјазанска област и по 17 над Курска и Саратовска област.

Рафинеријата Рјазан, една од најголемите во Русија, има капацитет да преработува 17 милиони метрички тони нафта годишно. При нападот опожарени се најмалку три магацини и работилница. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан