• понеделник, 23 декември 2024

Пријателскиот фудбалски натпревар С Македонија - Словенија ќе се игра со 30 отсто присуство на публика

Пријателскиот фудбалски натпревар С Македонија - Словенија ќе се игра со 30 отсто присуство на публика
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласираше на една Европското првенство, Владата на вечерашната 73-та редовна седница, одржана преку видеоконференциска врска, донесе Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари. Како што информира владината Прес-служба, согласно оваа Одлука, подготвителниот натпревар на нашата фудбалската репрезентација со Словенија, кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. - За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан