• петок, 22 ноември 2024

Пријавувањето на конкурсот за наградата „Жан Моне“ до 11 април

Пријавувањето на конкурсот за наградата „Жан Моне“ до 11 април
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Во тек е конкурсот за 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности” што го објавија Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во три натпреварувачки категории:
  1. Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми, телевизија, радио и/или на интернет);
  2. Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет);
  3. Најдобра аматерска фотографија.
Од ССНМ потсетуваат дека копии од новинарските стории, односно фотографии за конкурсот треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 11 април 2021 година, до 18 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје. За добитниците на наградите ќе решава жири комисија составена од пет члена. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 април 2021 година. вг/ац/

Остани поврзан