• петок, 21 февруари 2025

Приходот од Сити театар дониран на здружението „Дневен центар - Доза среќа“

Приходот од Сити театар дониран на здружението „Дневен центар - Доза среќа“

Скопје, 20 февруари 2023 (МИА) - Скопје Сити мол приходот од продадените билети од трите минатогодишни циклуси на театарски претстави во Сити театар во износ од 250.000 денари го донираше за Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром, „Дневен центар - Доза среќа“ од Скопје.

- Взаемно со нашите посетители придонесуваме за повеќе детски насмевки, за среќа во сите детски очи. Затоа и овојпат, ќе се погрижиме нашите посетители да имаат незаборавно доживување за сите сетила во Сити театар, кој го започнува четвртиот циклус на хуманитарни претстави, започнувајќи од 26 февруари. Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко - драмски претстави, наменети за деца од три до 10 години. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички ефекти, исполнети со ласерски анимации, проекции и друго, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и да биде составен дел од  претставите, пишува во соопштението на Скопје сити мол. бд/дма/

Остани поврзан