• понеделник, 23 декември 2024

Приходите на Твитер во 2020 година се зголемија за седум проценти

Приходите на Твитер во 2020 година се зголемија за седум проценти
Сан Франциско, 10 февруари 2021 (МИА) - Приходите на социјалната мрежа Твитер во 2020 година се зголемија за седум проценти во споредба со претходната година, достигнувајќи 3,72 милијарди долари. Твитер го објави својот биланс на состојба за четвртиот квартал на 2020 година. Според овие податоци, приходите на компанијата во последниот квартал од минатата година се зголемени за 28 проценти во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 1,29 милијарди долари, пренесе Анадолија. Компанијата оствари приходи од една милијарда долари во четвртиот квартал на 2019 година, додека приходите за целата 2019 година изнесуваат 3,45 милијарди долари. Профитот на компанијата во последниот квартал од 2020 година се зголеми за 87 проценти во споредба со истиот период минатата година и достигна 222 милиони долари. Добивката на Твитер во последниот квартал на 2019 година беше 118,7 милиони долари. Твитер забележа загуба од 1,14 милијарди долари на ниво на целата 2020 година, а компанијата оствари профит од 1,47 милијарди долари во 2019 година. Од друга страна, бројот на дневни активни корисници на Твитер во четвртиот квартал од минатата година се зголеми за 27 проценти во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 192 милиони. паг/    

Остани поврзан