• понеделник, 23 декември 2024

Притвор за дилер на марихуана од Тетово

Притвор за дилер на марихуана од Тетово
Скопје, 27 април 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен тетовец, осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово, соопштија денеска од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија, доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифатил предлогот и му определил притвор во траење од 30 дена.​ - На 26 април, полициски службеници го затекнале осомничениот во близина на зградата во која живеел. При личен преглед во неговиот ранец пронашле 7 тегли со наркотична дрога марихуана, а во хартиената торба што ја носел во рацете и во пластична канта во подрумот на зградата откриле и дополнително количество марихуана. Вкупно кај осомничениот биле пронајдени 1.188,31 грам од оваа наркотична дрога и веднаш му биле одземени, се појаснува во соопштението од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија. цр/дма/  

Остани поврзан