• петок, 22 ноември 2024

Природната средина, заштитата на почвите и состојбата на океаните теми на денешната КОП28

Природната средина, заштитата на почвите и состојбата на океаните теми на денешната КОП28

Дубаи, 9 декември 2023 (МИА) - Улогата и заштитата на почвите, зафаќањето и складирањето на јаглеродот, состојбата на океаните и управувањето со водите, заштитата на кревките екосистеми и заедници се дел од темите за кои денеска ќе се разговара на настаните што се одржуваат денеска во рамките на климатската конференција КОП28 во Дубаи.

Зачувувањето, реставрацијата и одржливиот развој на природата се составен дел од напорите за постигнување на целите од Парискиот климатски договор, велат организаторите.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат ранливоста на Црното Море, оштетувањето на неговиот екосистем, како и за првите знаци на неговото закрепнување; создавањето инфраструктура за обновливи извори на енергија, промовирање на енергетската ефикасност и инкорпорирање зелени практики во закрепнувањето на Украина, како и најновите потврдени научни опсервации на Антарктичкиот Полуостров, предизвиците за климатските промени со кои се соочуваат националните програми на Антарктикот и клучните пораки за климатските промени во однос на променливиот Антарктик. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан