• понеделник, 23 декември 2024

Принцезата Јуџини се всели во домот на Хари и Меган

Принцезата Јуџини се всели во домот на Хари и Меган
Лос Анџелес, 23 ноември 2020 (МИА) - Принцезата Јуџини од Јорк и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк се вселија во домот каде што живееја принцот Хари и Меган Маркл додека беа во Велика Британија. Според неофицијални извори, како што пренесуваат американските медиуми, Хари и Меган се почестени што можат да им посакаат добредојде во домот каде што братучетката на принцот ќе основа свое семејство. Официјално, кралското семејство сè уште нема коментар. Принцезата Јуџини е внука на британската кралица, т.е. најмлада ќерка на принцот Ендрју и осма во редот на престолонаследниците.  си/сд/

Остани поврзан