• недела, 22 декември 2024

Прилеп со заедничка традиција за Василица и Стара Нова Година

Прилеп со заедничка традиција за Василица и Стара Нова Година

Прилеп, 13 јанури 2022 (МИА) - Преку 400 парчиња бурек, над 100 литри варено вино и чај на прилепчани денеска им беа разделени во центарот, на плоштадот пред Саат Кулата. Во едно од буречињата е и среќната паричка, и добитникот ќе добие од прилепската локална самоуправа златен крст и желби за среќа и здравје во семејството.

На овој начин Пирлеп воспоставува традиција на заедништво за Стара Нова година и за празникот Василица, посебен за прилепчани кога, според вековната традиција, на ручекот во семејството, се врти мазникот со среќната паричка и кој ќе ја добие, ќе го следи среќа целата година.

Прилепчани ја поздравуваат оваа нова традиција и посакуваат желбите за среќа и здравје оваа година да се исполнат. Објаснуваат дека потрагата по среќната паричка има своја основа: Светецот Василиј е познат по тоа што делел пари на народот.

Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, во воспоставувањето на традицијата помогнале повеќе општествено одговорни фирми во градот, а желбата е да се воспостави традиција на заедништвото.

- Среќен сум што воспоставуваме традиција. Се надевам дека в година ќе нема маски, ограничувања и уште побогато ќе го одбележиме празникот Василица и Стара Нова Година и ќе не спои заедништвото. Во поделените буречиња има и паричка и среќниот добитник ќе доби златен крст и желби семејствотода му е среќно и здраво. Догодина се надеваме дека нема да има рестрикции и ограничувања и дека ќе биде побогато, со гости од други општини, изјави Јовчески.ем/бт/

Остани поврзан