• четврток, 26 декември 2024

Прилеп ги завршува подготовките за градската слава Свети Никола, а денеска почнува и турнирот во мал фудбал

Прилеп ги завршува подготовките за градската слава Свети Никола, а денеска почнува и турнирот во мал фудбал

Прилеп, 6 декември 2024 (МИА) - Во Прилеп привршуваат подготовките за прославата на градската слава Свети Никола, на 19 декември, а веќе денеска почнува и традиционалниот турнир во мал фудбал што е дел од активностите за прославата.

Турнирот кој 20-тина години стана традиција и дел од прославата на градската слава Свети Никола опфаќа 32 екипи фудбалски екипи кои ќе играат во осум групи.

-Вечер во спортската сала на средното електромашинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ почнува традиционалниот Светиниколски турнир во мал фудбал и со тоа ја продолжуваме традицијата за прославата на градската слава. СЕ надеваме дека догодина ќе имаме можност турнирот да го гледаме во Универсзалната спортска сала која може да се стави во функција, вели Христијан Тунески, портпарол на општина Прилеп.

Што се однесува до прославата на Свети Никола подготовките привршуваат и веќе се знае програмата за одбележување на празникот на 19 декември.

-Годинава домаќин е прилепската локална самоуправа. Традиционално, утрото на празникот се служи света архиерејска литургија во храмот „Свето Благовештение“, потоа до центарот на градот, до Параклисот ќе има литија. Напладне ќе се служи и славскиот посен ручек: посни сармички, гравче, а нема да изостане ниту богатата програма на плоштадот Александрија, објаснува Тунески.

Со малите посни сарми Прилеп е запишан во Гинисовата книга на рекорди.ем/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан