Прилепските училишта подготвени ја пречекуваат новата учебна година, но има помалку првачиња
- Прилепските десет основни и пет средни училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година. Училишните објекти во голем дел се обновени и е вложено во опрема, но евидентен е континуираниот проблем со бројот на првачињата. И годинава се бележи намалување. Во Прилеп се околу 6000 основци, 3 000 среднѓшколци и се запишаа околу 600 првачиња.
Прилеп, 31 август 2025 (МИА) - Прилепските десет основни и пет средни училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година. Училишните објекти во голем дел се обновени и е вложено во опрема, но евидентен е континуираниот проблем со бројот на првачињата. И годинава се бележи намалување. Во Прилеп се околу 6000 основци, 3 000 среднѓшколци и се запишаа околу 600 првачиња.
- Годинава бројот на првачињата што се запишаа е уште помал. Ако лани се запишаа 127, годинава се 75 првачиња. Генерално, околу 40 првачиња се помалку од лани. Но, не значи дека сите се одселени, зависи од година во година. Но за жал, оваа година, на ниво на сите училишта, според информациите се за 15 до 20 проценти помалку од лани. Главната причина е отселувањето на семејствата. Инаку, пред десет години, ОУ „Климент Охридски“ имаше 1 200 ученици, а сега се околу 750 ученици во сите одделенија, вели Ахил Јаков, директор на прилепското ОУ „Климент Охридски“.

Училиштето ги реновираше сите училници и доби обновен дневен престој.
-Генерално, училниците и училишната зграда ги реновираме како што добиваме финансиски средства. Оваа година комплетно ги реновиравме сите училници, како и скалилата и ходниците. Сето е во одлична состојба и ние зелосно сме подготвени за почетокјот на новата учебна година, објаснува Ахил Јаков.

Нема проблем со превозот на учениците, а годинава е бесплатен за оние од населените места. И годинава продолжува акцијата на локалната самоуправа за бесплатен здрав оброк за учениците од прво до трето одделение, а за сите 6 000 основци градските власти обезбедија бесплатна ученичка униформа. ем/ац/
Фото: МИА