• недела, 21 јули 2024

Прилепска регионална стопанска комора: Извозот многу ќе трпи ако брзо не се разреши ситуацијата со патните исправи

Прилепска регионална стопанска комора: Извозот многу ќе трпи ако брзо не се разреши ситуацијата со патните исправи

Прилеп, 21 февруари 2024 (МИА) - Незавидната ситуација со новите патни исправи ако продолжи, ќе трпи извозот во сите дејности и ќе се ја затвориме вратата за пласман. Политичарите мора што побрзо да си ја исправат грешката,  велат стопанствениците од Регионалната стопанска комора од Прилеп. Комората денеска го избираше новото раководство и членовите на Управниот одбор. Стопанствениците бараат и очекуваат тоа што, велат, не смееше да се дозволи, сепак побрзо да се разреши зашто ќе биде невозможно да се стопанисува.

 -Сигурно, ако оваа ситуација потрае подолго дека целото стопанство ќе биде во незавидна положба затоа што зашто сами ќе си ја затвориме вратата за извоз и ако продолжи понатаму ќе биде неподносливо опкружување за водење бизнис. Очекувам дека што побрзо ќе се разреши ситуацијата со документите за патување и дека нема да се најдеме во ситуација нашите компании кои веќе имаат договори за извоз да не може да ги испочитуваат само поради бирократски проблеми.Сите извозни дејности трпат. Не смеше да се доведиме во ваква ситуација, но некои работи не зависат од нас стопанствениците. Политичарите треба да си ја завршат својата работа за тоа што се платени, изјави Сашо Самарџиоски, потпретседател на прилепската Регионална стопанска комора.

Потпретседателката на Комората Ирена Јакимоска вели дека нивната извозно риентирана компанија има соработка со транспортери кои навреме ги средиле патните исправи и документи, но има поплаки од членки.

-Имаше поплаки од неколку компании кои се упатени во Сојузот на стопанските комори и оттаму се преземаат одредени мерки, изјави Јакимоска.ем/

фото извор МИА

Остани поврзан