Привршува трета фаза од проектот за поставување улично осветлување во туристичка населба Беровско Езеро
- Привршуваат градежните активности од третата фаза за поставување нова линија на улично осветлување во туристичка населба Беровско Езеро. Како што соопшти денеска градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски поставени се вкупно 26 канделабри, во вкупна должина од 750 метри.

Берово, 13 март 2025 (МИА) - Привршуваат градежните активности од третата фаза за поставување нова линија на улично осветлување во туристичка населба Беровско Езеро. Како што соопшти денеска градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски поставени се вкупно 26 канделабри, во вкупна должина од 750 метри.
-Дел од овие канделабри се поставени на патот кој води кон Клепало и дел околу тиристичките капацитети. Со реализацијата на овој проект, продолжуваме посветено да работиме за развој на туризмот, како стратешка определба на Берово, обезбедуваме нови содржини за рекреативни активности во вечерните часови и ја подобруваме комуналната инфраструктура, информира Пекевски.
Активноста, како што додаде, се реализира со средства обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Влада на Република Северна Македонија.
-Средствата за финансирање се преку инфраструктурни проекти од Програмата АА-Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година, додаде Пекевски.
Целокуоната инвестицијат е вредна 2.076.216,00 денари. вс/дма/
Фото: МИА