• четврток, 04 декември 2025

Привремен прекин во водоснабдувањето.порафи дефект на главната водоводна линија во М.Каменица

Привремен прекин во водоснабдувањето.порафи дефект на главната водоводна линија во М.Каменица

Македонска Каменица, 3 декември 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица денеска ќе има привремен прекин во водоснабдувањето поради дефект на главната водоводна линија на улица „Каменичка“, информираат од Јавното претпријатие „Камена Река“.

Без вода ќе останат корисниците на улиците „Илинденска“, „Македонска“, „Осоговска“, „Руенска“, „Езерска“, „Самоилова“, „Рударска“, „Александар Македонски“, „Долна Река Каменичка“, „Гоце Делчев“, како и жителите на приградската населба Сарафска маала.

Прекинот ќе започне во 08:00 часот и ќе трае сè додека екипите не го санираат дефектот. Од претпријатието информираат дека техничките служби веќе се на терен и работат на негово отстранување.

Од ЈП „Камена Река“ се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и разбирањето за време на прекинот во водоснабдувањето. вс/са/

Фото: ЈП Камена Река

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан